oldelpaso-mk | МакоМаркет
+389 2 278 6666 info@makomarket.com.mk

ЕВРОПСКИ ЛИДЕР во категоријата мексиканска кујна

 

Old El Paso е бренд на храна во стилот на Tex-Mex од американскиот производител на храна General Mills. Портфолиото вклучува комплети за вечера, тако и тортиљи, произведени според традиционални мексикански рецепти, како и зачини за тако, сосови,  ориз, гравче и чипсови.
Производите на Old El Paso се продаваат низ целиот свет,  добро се познати и ценети на пазарите како Велика Британија, Франција и Шведска и е европски лидер во категоријата мексиканска кујна.

Името упатува на градот Ел Пасо, Тексас и историскиот „Стар“ период кога Тексас бил дел од Мексико. Old El Paso им помага на потрошувачите да донесат забавна и вкусна мексиканска храна на своите трпези. Подготовката на мексикански јадења е лесна и создава незаборавно искуство за пријателите и семејството. Разновидноста на овој бренд се потпира на креативни опции, така што можете да мешате свежи состојки за да ги прилагодите вашите оброци. Овие комплети за вечера, кои ги вклучуваат сите состојки за типично мексиканско јадење, се вашиот идеален прв чекор во мексиканската кујна.