Во саботата, 23.11.2019 Академијата за лидерство на Мако Маркет го одржа последниот семинар за оваа година насловен “Communication and Team Bonding”.
Една од главните причини поради која беше отворена оваа академија на Мако Маркет е инвеситрањето во своите вработени за нивна поголема успешност, ентузијазам, и среќа. Преку академијата за лидерство во текот на 2019 година се одржаа 10 обуки за вработени од сите нивоа и сектори со цел преку заедничко учење и интеракција сите вработени да се стремат кон иста цел и да се усоврши корпоративната култура.
Овие интерактивни семинари беа одржани од нашиот гуру за лидерство и среќа – Avinash Ananda кој со своето уникатно знаење за лидерство од западот и управување со емоции и среќа од истокот помогна нашите вработени да се усовршат како на професионално така и на приватно ниво.

Последниот интерактивен семинар за оваа година на темата „Комуникација и зближување со тимот“ го отвори нашиот лидер и CEO Андреја Тасевски кој се заблагодари на сите вработени кои учествуваа на овие семинари и ги потенцираше нивните професионални достигнувања во изминатиот период.

„Комуникацијата е мајка на сите вештини.“ Беа првите зборови на нашиот гуру Avinash Ananda.
Преку иницирање на вежби, давање совети и откривање на важни техники за тоа како да се стане подобар комуникатор и говорник сите учесници на овој семинар беа фокусирани, отворени и желни за да стекнат повеќе знаење.

Пред самиот крај, збор зеде и нашиот лидер Васил Начи, кој несебично го сподели од неговото искуство и знаење и дополнително ги мотивираше сите вработени – учесници.
Академијата за лидерство на Мако Маркет ќе продолжи со своето работење и инвеситрање за своите вработени и во претстојната 2020 година со цел подобрување на личните и професионалните вештини.
Тимот на Мако Маркет продолжува со надградување.






































