fbpx
+389 2 278 6666 info@makomarket.com.mk

Постојат едноставни начини за да се скенира QR код за Android.

  • Google Screen Search
  • Google Lens (Android 8, Oreo)
  • Вграден QR читач (Android 9, Pie)
  • Апликации за читање QR кодови

Google Screen Search

Отворете ја камерата на вашиот Андроид телефон и фокусирајте го QR кодот. Притиснете го HOME копчето (средното копче или кругче кај некои модели) и содржината на QR кодот ќе стане видлива за вас.
Ако содржината е линк кој води негде, ќе можете да ја притиснете.

Активирање на Screen Search на Андроид

Отворете ја Google апликацијата (иконата прикажана погоре), или пронајдете ја апликацијата на Google Play.

  • Притиснете на Менито (трите линии во горниот лев агол)
  • Изберете: Settings
  • Изберете: Screen search
  • Активирајте со притискање

Google Lens

Базирана на вештачка интелегенција, Google Lens апликацијата разликува различни сценарија, билки, храна, текст и се разбира QR кодови.
Google Lens е исто пристаплива и преку Google Assistant. (држење на копчето „Дома“)

Во случај да ја немате, можете да ја превземете оваа апликација од Google Play.

Доколку ја користите апликацијата Google Assistant, веќе ја имате Google Lens апликацијата со неа и можете да пристапите на иконата во долниот десен агол.

Вграден QR читач

Во случај вашиот телефон да е со Android 9 оперативен систем, вашата камера ја има опцијата да чита QR кодови без дополнителни апликации.
Во случај да не ви е активирана оваа опција, следете ги следните лесни чекори.

  • Отворете ја камерата и клинкнете: More
  • Кликнете: Settings
  • Активирајте го полето: Google Lens suggestions

Едноставни апликации за читање QR кодови

Постојат повеќе апликации за скенирање на QR кодови на Google Play и на App Store.
Поголемиот дел од овие апликации функционираат на многу едноставен принцип.
QR Code Scanner за Android

  • Симнете ја апликацијата преку дадениот линк
  • Отворете ја апликацијата
  • насочете ја камерата кон QR кодот
    На екранот ви се испишуваат информации за QR кодот кои може да ги кликнете и ве одведат на одредениот линк