Во денешницата постојат многу начини да научите, се надоградите, и ги изоштрите вашите професионални вештини. Можете да читате блогови, да слушате подкаст, да учите од видеа од YouTube и вебинари.
Зошто тогаш да ги инвестирате време и пари да присуствувате на конференција или интерактивна работилница?
Ако ова е вашиот став, можеби пропуштате една од најголемите можности дополнително да се развиете. Настаните како конференции и работилници ви нудат уникатни можности да научите и да ја изградите вашата кариера како што другите горенаведени не можат.
Во прилог ќе ги видите 9те причини зошто треба да присуствувате на работилници и конференции и да размислите да ги пратите и вашите вработени на нив.
1. Изоштрете ги вашите гледишта
Не стојте
во место додека вашите конкуретни работат со полна пареа и имаат невообичаени
идеи за напредок.
Учествувањето на конференции, семинари, и работилници ви дава нови гледишта на
работата и ве инспирира да дојдете до нови, нетрадиционални начини кои ќе ве
направат поефикасни на работното место.
2. Запознајте експерти и инфлуенсери одблизу
Конференциите и семинарите се одлично место да се запознаете со експерти од вашето поле. Некогаш е доволно само селфи, или споделена идеја за бизнис раст со некои од овие луѓе на кои им се восхитувате за да добиете менторство или барем совет и охрабрување кој ќе влијае на растот на вашиот бизнис.
3. Можности за вмрежување
Социјалните
медиуми ве доближуваат до луѓето на кои им се восхитувате и ви се восхитуваат,
но ништо не може да го замени искуството да запознаете некој лице в’
влице.
Конференциите и работилниците даваат можности на учесниците да разговараат,
создаваат конекции и пријателства, и да ги зацврстат веќепостоечките. За време
на паузите можете да го пронајдете вашиот нов клиент, ментор или бизнис парнер.
Или ако не отидете, можеби вашиот конкурент ќе го заземе вашето место и сите
предности.
4. Учење во нов простор

Се
сеќавате на сцената во “Dead
Poet’s Society” каде
што Robin Williams ги натера своите ученици да се качат на работните маси
за да добијат ново гледиште на работите?
Ова е една од причините зошто многу бизниси имаат состаноци надвор од своите
канцеларии. Многу е лесно да се најдете себеси седејќи на истото столче, во
истата канцеларија, или во истото кафуле, кое може да го ограничи развојот на
нови идеи, гледишта и ефикасност.
Излегувањето од работното место, движењето и учењето во нов простор може да ви
разбуди нови гледишта и пристап за раст на вашиот бизнис.
5. Излезете од комфорт зоната
Конференциите
не тераат да излеземе од конфорт зоната.
Лесно е да читате блог од удобноста на вашиот дом или канцеларија. Нема потреба
да направите мал разговор со некој додека се вчитуваат видеата на YouTube.
Додека кај некои вмрежувањето е едноставно и лесно, за
многумина настаните како конференции и работилници се предизвик. Но, излегувањето
од комфорт зоната е активноста што е потребна да се излезе од старите начини на
размислување што не има ставено во позицијата во која што сме сега.
Ако сте уплашени од самата идеја да присуствувате на конференција или
работилница, одете со некој близок, така нема толку да го чуствувате стравот да
се вмрежите или пристапите на некој.
6. Нови совети и тактики
Проблемот со интернетот е што веруваме дека се е на дофат на нашите дланки. Можеби и е така. Но огромите количества на податоци, може и да не чува надвор од дофат на информацијата што токму нас ни е потребна. Добро организираната конференција може да помогне да ни се родат нови идеи кои ќе го подобрат нашиот пристап.
7. Енергијата од истомисленицитe
Нема
никое слично чуство на тоа да сте во просторија со истомисленици. Оние луѓе кои се желни да одвојат време надвор од
нивните канцеларии и комфорт зона за да научат нешто ново. Токму оние луѓе кои
сакаат да се подобрат себеси.
Кога седите во конференциска сала или аудиториум, гледате дека не сте единствен
што сака да ги унапреди своите вештини и да донесе нови гледишта во
организацијата каде што работи.
Токму оваа енергија недостасува во учењето од онлајн курсеви.
8. Инвестирајте во себе
Можеби
ова е доволно јасно од сите горенаведени причини. Но излегувањето од нашата
комфорт зона е инвестирање во себе. Тоа е инвестиција во себе, дури во вашата компанија.
Со новодобиените гледишта, совети, искуство, вие си признавате дека имате уште
што да научите, дека можете и подобро, а со самото тоа ги мотивирате и вашите
колеги и блиски да напредуваат.
9. Забавувајте се!

Настаните
од овој тип се забавни!
Не треба да имате врвни комуникациски вештини за да се вмрежите или да се
забавувате и уживате во една конференција или работилница.
Додека седите на паузите може случајно да запознаете многу луѓе кои би можеле
да бидат ваши клиенти, бизнис партнери, ментори, па дури и добри пријатели.
Не ги пропуштајте овие можности.
Следен чекор

Се’ ова го земавме во предвид додека ја организиравме “Science of Success” работилница која ќе ја одржи Leadership and Happienes Guru – Avinash Ananda во Четврток, 17.10.2019 во Музејот на Македонската Борба во Скопје.
Доколку сакате да ги унапредите вашите Лидерски способности, и научите нов систем од 7 Meta Mind Power техники и како да ги имплементирате за ефикасно да се справите со предизвици, негативни емоции и конфликти. Оваа работилница е токму за вас.
Побрзајте и набавете ги вашите билети на следниот линк
👉 https://www.kupikartizase.com/Events/thescienceofsuccess