МакоМаркет организираше национална наградна игра во сите Зегин аптеки, која траеше од 06.11.2020 до 10.12.2020. Условите беа следниве: со купено било кое пакување на EveryDay циклусни или EveryDay секојдневни влошки од било која Зегин аптека и пополнување на купон на самото продажно место, вие станувате потенцијален добитник на custom-made свечена тоалета од познатото модно ателје Кокев.
Задолжително беше чувањето на фискалната сметка, така што случајно избраните добитници, требаше да ја покажат истата, како би се утврдило купувањето на производот, датумот и местото.
Интересот беше очекувано голем, меѓутоа само тројца среќници си добија ваучер за да Кокев, екслузивно за нив, изработи тоалети.