fbpx
+389 2 278 6666 info@makomarket.com.mk

Mega Disposables S. A. е грчка компанија за производство на висококвалитетни производи за лична хигиена за еднократна употреба. Mega е една од најголемите компании за производство на производи за лична хигиена во Европа. Компанијата има големо портфолио на производи опфаќајќи ги сите категории на лична хигиена и континуирано инвестира во најсовремената технологија, системите за контрола на врвен квалитет и квалификуваниот персонал. Портфолиото вклучува познати брендови, како што се: EveryDay, PomPon, BabyCare, Babylino, Dipers, Wet Hankies, кои освен во Македонија, се присутни во 25 земји, најчесто како лидери на пазарот.