About us MK | МакоМаркет
+389 2 278 6666 info@makomarket.com.mk

ЗА НАС

Ние сме  компанија за производство и дистрибуција на стока за широка потрошувачка.
На пазарот постоиме повеќе од 28 години. До 1990 година, нашата компанијата се занимаваше со големопродажба, а од 1996 година  започнавме со сопствена дистрибуција.
Денес, дистрибуираме интернационални брендови кои често се лидери на пазарот. Во 2002 година го произведовме својот прв чоколаден крем, наречен Виена. Со тоа започна новото поглавје на нашата компанија, во кое произведувањето на сопствени брендови стана подеднакво важно, како и дистрибуцијата. Набргу потоа ни се родија и брендовите Тазе пуканки и Мое колаче, со 14 различни екстензии на колачиња и вафел производи. Освен сопствените брендови, произведуваме и приватни трговски марки.

Нашата филозофија

Седумте столбови на нашата деловна филозофија се основата на корпоративната култура во нашата организација.

Мудрост при донесување на одлуки

Мудрост при донесување на одлуките и брзина при имплементација се нашата доблест

Суштински вредности

Суштинските вредности се темелите на организацијата(интегритет , ентузијазам , раст , креативност и победнички дух)

Самодисциплина

Дисциплина и респект и кон себеси и кон другите се основни елементи во создавање на позитивна средина за работа во Мако Маркет.

Соочување со реалноста

Соочување со реалноста и поставување на предизвикувачки цели се главните двигатели на успехотСекој предизвик го гледаме како можност, целите кои ги поставуваме се големи но засновани на реалноста на нашите финансиски, технички и човечки ресурси. Ние сме стравствени и ентузијасти, но прагматични истовремено.

Лидерски дух

Лидерски дух на секое ниво од корпорациска култура
Поттикнуваме и фасилитираме лидерски дух на секое ниво во нашата работа. Насочени сме да развиваме ,,јас можам“ однос каде што секоја особа е ограбрена да ја користи својата иницијатива за позитивно да влијае на сопствениот напредок и напредокот на компанијата.

Континуириани подобрувања

Ја фокусираме енергијата на континуирано само-подобрување на нашите процеси, на производите кои ги правиме, услугите кои ги доставуваме и средините во кои работиме и живееме. Ова подразбира константно залагање на нашите сопственици, вработени, партнери и клиенти.

Отворена комуникација 

Отворена комуникација меѓу секој еден од нас, со разбирање, почит и толеранција
Во Мако Маркет ние ја цениме отвореноста – отвореност во комуникацијата, во желбата за учење, кон промените, и над се – отвореност да се пречекаат со отворени раце различните од тебе, без разлика на нивниот пол, возраст, етничка припадност, религија или животните предизвици со кои се соочуваат.

Нашите вредности

Интегритет

Си стоиме на зборот, искрени сме сo себе и со другите, што зборуваме тоа правиме.

ПОЧИТ

Внимателно слушаме, ја изразуваме својата благодарност и ги почитуваме различните мислења.

Ентузијазам

Полни со енергија, со позитивен став, страст кон работата и безусловна љубов кон луѓето (околу нас).

Раст и/кон извонредност

Сè подобри секој ден, жедни за знаење и раст, кон постигнување извонредност.

Креативност

Размислувајќи различно, смислуваме оригинални решенија за секоја ситуација.

Победнички дух и истрајност

Со победнички дух, амбиција и смел оптимизам – истрајни сме во постигнување на целта.

Фокус на клиентите

Обезбедуваме квалитет и услуга поголеми од очекуваното, брзо реагираме, креираме силни врски, третирајќи го клиентот како вистински шеф.

МИСИЈА

Нашиот бизнис придонесува за подобар квалитет на живот и дополнителни вредности за вработените, клиентите, партнерите и заедницата, секогаш еден чекор пред другите.

ВИЗИЈА

Наша цел е да бидеме водечка дистрибутивна компанија за стока за широка потрошувачка на македонскиот пазар, нудејќи извонреден квалитет на производи и најдобри можни услуги.

Мако маркет го опслужува македонскиот пазар повеќе од 28 години, секојдневно барајќи начини за подобрување на услугите кон клиентите и искуството кои потрошувачите го имаат со производите.

Испорачуваме над 7.5 милиони производи годишно, посетувајќи ги секојдневно нашите клиенти.

Работиме со над 3500 продажни места, извезуваме во повеќе земји и работиме приватни трговски марки за продажни ланци. Клиентите се во фокусот на нашето работење.

Над 150 вработени работат низ повеќе секторите на дистрибуција, продажба, производство, маркетинг и администрација со цел да се постигнат најдобрите резултати.