+389 2 278 6666 info@makomarket.com.mk

ПРАВИЛА НА НАГРАДНА ИГРА

Официјални правила на Наградната игра ‘’Биди фраер од пелени, вози кола Мини’’

ЧЛЕН 1

ОРГАНИЗАТОР

Огранизатор на Наградната игра “Биди фраер од пелени, вози кола Мини’’ е  МАКО МАРКЕТ ДОО Скопје, со седиште во Скопје, ул. “Првомајска” бб, 1000 Скопје, Македонија (во понатамошниот текст Организатор)

ЧЛЕН 2

ОФИЦИЈАЛНО ИМЕ И ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА

Официјално име на Наградната игра е ‘’Биди фраер од пелени, вози кола Мини’’. Наградната игра ќе започне на 17.12.2018 (со почеток од 00:01 часот) и ќе трае до 31.01.2019 (до 23:59 часот).

ЧЛЕН 3

ТЕРИТОРИЈА

Наградната игра се организира и се спроведува на целата територија на Република Македонија.

ЧЛЕН 4

ЦЕЛ НА НАГРАДНАТА ИГРА

Наградната игра организирана од МАКО МАРКЕТ ДОО Скопје, во својство на Увозник и дистрибутер на MEGA DISPOSABLES S.A Greece (Нарачател), е промоција на компанијата и рекламирање на Даиперс инстакор производите на територијата на Република Македонија.

ЧЛЕН 5

РЕКЛАМИРАЊЕ

Наградната игра ќе се рекламира во електронски медиуми (телевизија, интернет), како и на местата на продажба.

ЧЛЕН 6

ПРОИЗВОДИ КОИ СЕ ДЕЛ ОД НАГРАДНАТА ИГРА

Производи кои се дел од наградната игра се:

Даиперс инстакор економични пакувања 3 ( 4 – 10кг )

Даиперс инстакор економични пакувања 4 ( 7 – 18кг )

Даиперс инстакор економични пакувања 5 ( 11 – 24кг )

Даиперс инстакор економични пакувања 6 ( 16+кг)

Даиперс инстакор гаќички 5 (12-18кг)

Даиперс инстакор гаќички 6 (16+кг)

ЧЛЕН 7

ПРАВО НА УЧЕСТВО

Во наградната игра право на учество имаат сите полнолетни граѓани во Република Македонија, со купување на производот кој е предмет на оваа Наградна игра. Право на учество во Наградната игра немаат вработените во Мако Маркет ДОО Скопје и MEGA DISPOSABLES S.A Greece како и членовите на потесниот круг на нивните семејства. Со учество во Наградната игра, учесниците потврдуваат дека се целосно запознаени со одредбите на овие правила и ја изразуваат својата согласност во поглед на истите.

ЧЛЕН 8

МЕХАНИЗАМ И УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА

‘’Биди фраер од пелени, вози кола Мини’’ е Наградна игра која ќе се спроведе преку СМС сервисот на ДИГИТАЛ МЕДИАЛАБ ДОО СКОПЈЕ, какo давател на СМС услугата на еден премиум СМС број кај двата мобилни оператори во РМ, Телеком и Вип.

Секое заинтересирано лице за да учествува во Наградната игра, потребно е да купи минимум еден производ на Даиперс инстакор. Учесниците треба да ја чуваат фискалната сметка неоштетена до крајот на Наградната игра.

Со започнување на Наградната игра на 17.12.2018 до 31.01.2019, потрошувачите ќе може да испраќаат СМС порака на премиум бројот 14700 од било кој мобилен оператор во Република Македонија. Цената на пораката е 5,9 ден. за СМС со вклучен ДДВ. Организаторот не превзема одговорност за можна промена на цената на пораките.

Содржина на пораката: број на фискалната сметка (празно место) име и презиме. Пример: #ХХХХ (празно место) Име (празно место) Презиме. Пораката треба да го содржи оригиналниот број на фискалната сметка, каде е назначено дека е купено минимум едно пакување на Даиперс инстакор. Ако е успешно испраќањето на бројот на фискалната сметка, учесникот ќе добие потврдна СМС порака за учество.

Еден учесник може да испрати неколку различни броеви на фискални сметки и да ги зголеми шансите за добивка на награда. Еден учесник може да добие само една награда. Ограничувањето е само ако еден корисник го испрати истиот број на фискална сметка, во тој случај ќе добие повратен СМС дека овој број на фискална сметка е веќе испратен од негова страна.

Во случај ако корисникот стане добитник на награда и при подигнување на истата поседува невалидна фискална сметка во тој случај наградата нема да се додели.

СМС пораките во наградната игра, кои содржат неточни, нецелосни или невалидни фискални броеви нема да бидат земени предвид и нема да учествуваат во извлекувањето.

Организаторот и операторите не се одговорни за евентуални потешкотии на мобилните мрежи или за прекините во комуникација. Во Наградната игра забрана за учество имаат лицата кои за времетраењето на наградната игра се вработени кај приредувачот на Наградната игра (Мако Маркет Доо Скопје), Нарачателот (Mega Disposables S.A Greece), провајдерот на софтверот за извлекување на наградите ДИГИТАЛ МЕДИАЛАБ ДОО СКОПЈЕ и членовите на нивните потесни семејства.

Правилата на Наградната игра, начинот и условите за учество во Наградната игра, како и нејзиното времетраење ќе бидат објавени на официјалната фејсбук страна (www.facebook.com/makomarket) и веб страната на Мако Маркет www.makomarket.com.mk пред започнување на Наградната игра, по добиена согласност од Министерство за Финансии.

ЧЛЕН 9

ИЗВЛЕКУВАЊЕ НА ДОБИТНИЦИ ВО НАГРАДНАТА ИГРА

Добитниците на Наградната игра ќе се извлекуваат по електронски пат преку компјутерска селекција од базата на испратени пораки. Базата на квалификувани корисници ќе биде составена од корисници на Даиперс инстакор кои купиле минимум еден од било кој од производите на Даиперс инстакор.

Во извлекувањето на добитниците нема да влијае човечки фактор.

Почнувајќи од 17.12.2018 (00:01 часот) и заклучно со 31.01.2019 (23:59 часот), Наградната игра е во траење од 6 недели и 4 дена.

Извлекувањето на наградите ќе се одржи на 09.02.2019 во просториите на трговскиот центар Сити Мол во 12:00 часот.

Сите учесници кои имаат испратено порака до денот пред извлекувањето најдоцна до 23:59 часот, имаат право на учество во извлекувањето. Квалификуваните СМС пораки во рамки на Наградната игра учествуваат во извлекувањето.

Добитниците на награди во Наградната игра ќе бидат извлечени по случаен избор, преку софтвер. Наградите ќе се извлекуваат автоматизирано, без влијание на човечки фактор од страна на специјално креиран софтвер за оваа намена изработен од ДИГИТАЛ МЕДИАЛАБ ДОО СКОПЈЕ. При извлекувањето ќе биде проверувана содржината на СМС-пораките и дали се запазени правилата на наградната игра.

Во извлекувањето на наградите за секое извлекување ќе се извлечат по тројца резервни добитници. Доколку се појави пречка за доделување на наградата, наградата ќе ја добие првиот резервен добитник, па доколку постои уште една пречка за доделување, наградата ќе ја добие вториот резервен добитник.

Извлекувањето на наградите ќе биде контролирано од страна на комисија составена од:

  1. Претставник од Мако Маркет ДОО Скопје
  2. Претставник од ДИГИТАЛ МЕДИАЛАБ ДОО Скопје
  3. Правно лице

ЧЛЕН 10

ОБЈАВУВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД НАГРАДНАТА ИГРА

На крајот на Наградната игра сите добитници (име и презиме, број на фискална сметка и телефонски број од кој е испратена СМС пораката) ќе бидат објавени во рок од 3 дена и поставени на веб страната на Мако Маркет. Исто така, добитниците ќе бидат известени преку СМС порака, на наведениот телефонски број.

ЧЛЕН 11

ИЗВЕСТУВАЊЕ НА ДОБИТНИЦИТЕ

Добитникот ќе добие СМС порака на доставениот телефонски број со известување дека е добитник на награда.

Доколку учесникот не е достапен во следните 3 дена од било која причина, за која не е и нема да биде одговорен Организаторот, тој/таа го губи правото на награда. Организаторот нема да има дополнителна одговорност кон учесникот.

ЧЛЕН 12

ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ

Наградите ќе бидат доделени не подолго од 30 дена од извлекување на истите. По истекот на 30-те дена Организаторот нема никаква одговорност околу наградите. Добитниците не може да ги заменат наградите за паричен износ еднаков на нивната вредност, ниту за било каков друг предмет. Добитниците наградите ќе треба да ги подигнат лично во просториите на Организаторот, односно Мако Маркет ДОО Скопје на ул. „Првомајска“ бб, 1000 Скопје во период од 10:00 до 14:00 часот, секој работен ден од понеделник до петок.

ЧЛЕН 13

УСЛОВИ ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ

Добитникот наградата ќе може да ја подигне со приложување документ за лична идентификација и со приложување на доказ – оригиналната фискална сметка чиј број бил испратен за учество во Наградната игра, каде е купено минимум едно пакување на Даиперс инстакор.

Доколку добитникот од која било причина не може да приложи доказ, оригинална фискaлна сметка каде е купено минимум едно пакување на Даиперс инстакор, во тој случај нема да може да ја подигне наградата.

Доколку добитникот од која било причина не е во можност да ја подигне наградата, може да назначи лице што ќе го стори тоа во негово име, со претходно известување на Организаторот, но само со законско овластување од страна на добитникот, заверено на нотар.

Ако добитникот го откаже подигнувањето на наградата од која било причина, должен е за тоа да го извести Организаторот.

При подигнување на наградата ќе биде потпишана потврда дека наградата е подигната од страна на добитникот. Организаторот е должен да провери дали се исполнети сите услови за учество и дали добитникот ги исполнува сите услови за подигнување на наградата, согласно правилата.

По предавањето на наградата, Организаторот нема никаква одговорност кон добитникот на наградата во однос на користењето на истата, освен одговорностите наведени во правилата. Организаторот нема одговорност за достава на наградата и нема да покрие било какви дополнителни трошоци, како што е транспорт или друг тип на трошоци, трошоци за реализација кои не се опишани во правилата или во посебно потпишан договор помеѓу Оранизаторот и добитникот.

Организаторот не е одговорен, доколку добитникот не е во можност да ја подигне или користи наградата.

Резултатите за прогласување на добитниците се конечни.

ЧЛЕН 14

НАГРАДЕН ФОНД

Наградната игра располага со следниов фонд на награди (вкупно 50)

  • 50 Мини Купер електрични колички за деца

Учесниците во Наградната игра немаат право да бараат награди во поголема вредност или од различен вид од назначените во правилата од страна на Организаторот.Количината на наградите од Наградната игра е ограничена, и нема да бидат доделени повеќе награди од оние кои што се претходно определени. Замена на наградите со други награди, со парична или друга противвредност не е дозволена. Организаторот не се обврзува да понуди друг тип на награда во истата противредност од планираните награди.

ЧЛЕН 15

ВЕРИФИКАЦИЈА НА КВАЛИФИКУВАНОСТ И ПРАВО НА УЧЕСТВО

Наградата ќе биде доделена само ако учесницте се квалификувани, имаат право на учество, и ако целосно ги почитуваат Правилата на Наградната игра.

ЧЛЕН 16

ДАНОЧНИ ОБВРСКИ НА ДОБИТНИЦИТЕ НА НАГРАДИТЕ

Организаторот е одговорен за сите даноци, надоместоци и одговорности поврзани со наградите вклучувајки го и персоналниот данок на доход.

Секој од добитниците ќе добие потврда за добивка со подмирен персонален данок, подготвена и заверена од организаторот на наградната игра.

ЧЛЕН 17

СОГЛАСНОСТ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Одобрение за обработката на личните податоци

Со испраќање на СМС-порака, за учество во оваа Наградна игра, учесникот ја дава својата согласност Организаторот да ги обработува неговите лични податоци (име и презиме, број на мобилен телефон). Целта на користење и трансфер на податоци од страна на Организаторот, е исклучиво да помогне во спроведувањето и администрирањето на учеството во Наградната игра.

Со учество во Наградната игра, учесникот се согласува да ги даде личните податоци на Организаторот, за користење при реализација на Наградната игра, без временско ограничување. Организаторот има право да ги користи личните податоци на секој учесник за потребите на Наградната игра. Организаторот не смее да ги користи податоците за било која друга намена, која не е во согласност со законот и ќе ги користи само за потребите на Наградната игра. Личните податоци на учесниците на Наградната игра, ќе се користат само согласно Законот за заштита на лични податоци (Службен весник на Република Македонија број 7/2005, 103/2008, 124/2008, 124/2010, 135/2011, 43/2014, 153/2015 и 99/2016).

ЧЛЕН 18

Грешки

Во случај на печатни грешки во рекламните материјали Организаторот нема да се смета за одговорен.

ЧЛЕН 19

ОДГОВОРНОСТ

Со плаќањето на персоналниот данок и преземањето на наградите, престануваат понатамошните обврски на Организаторот на Наградната игра спрема добитниците.

Организаторот нема никаква одговорност која може да произлезе од користењето на наградите, како и плаќање на штети или тужби кои на некаков начин се поврзани со користењето на наградата.

Потенцијалниот учесник во оваа Наградна игра разбира и се согласува дека учествува во Наградната игра на свој сопствен ризик.

Со самото учество во Наградната игра учесникот се согласува, доколку биде извлечен за некоја од наградите, неговите лични податоци да бидат јавно објавени.

Организаторот на Наградната игра не дава гаранција дека учесникот ќе добие награда доколку потроши поголема сума на пари на купување производи.

Организаторот не одговара во случај кога добиена награда не може да биде дадена или искористена поради невозможност потенцијалниот добитник или негов претставник да се јави и да ја добие наградата во определените рокови или поради други технички или правни пречки врзани со конкретниот добитник или негов претставник и поради околности предизвикани од виша сила, нормативни или законски ограничувања или други околности.

ЧЛЕН 20

ПРАВО НА ПРИГОВОР

Незадоволен учесник во Наградната игра има право во рок од 3 дена од денот на објавувањето на добитниците на наградите, да поднесе приговор во писмена форма до Организаторот. Организаторот е должен писмено да одговори на приговорот во рок од 8 дена од приемот на истиот.

ЧЛЕН 21

ОТКАЖУВАЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА

Наградната игра може да се прекине во случај на виша сила ако настапат околности за кои Организаторот на Наградната игра не е одговорен, односно ако постојат околности кои Организаторот не можел да ги спречи, отстрани или избегне. По известувањето и добивањето на согласност од Министерството на финансии.

ЧЛЕН 22

ОТСТРАНУВАЊЕ НА ЕВЕНТУАЛНИ СПОРОВИ

Евентуално настанатите спорови помеѓу Организаторот и учесниците во Наградната игра ќе ги решава Надлежниот суд во Скопје во согласност со важечките закони во Република Македонија.

ЧЛЕН 23

ВАЖНОСТ НА ПРАВИЛАТА НА НАГРАДНАТА ИГРА

Правилата ќе започнат да се применуваат откако Министерството за Финансии ќе издаде дозвола за приредување на Наградна игра и ќе важат се до завршување на Наградната игра. Со учество во Наградната игра секој учесник ги прифаќа сите права и обврски утврдени во овие правила.

ОРГАНИЗАТОР: МАКО МАРКЕТ ДОО СКОПЈЕ