+389 2 278 6666 info@makomarket.com.mk
КРЕАТИВНОСТ И ИНОВАЦИИ НА РАБОТНО МЕСТО

Во минатото концептот за креативност беше поврзан претежно со работата на писателите, сликарите, музичарите и луѓето со уметнички професии. Со зголемувањето на потребата од уникатен карактер на брендот креативноста премина во вистинска уметност. Покрај тоа, самиот чин на создавање производ кој ќе се разликува од производот на конкуренцијата на пазарот (каде разликите честопати тешко се создаваат) бара висок степен на креативност и иновации во маркетиншкиот пристап. Како резултат на тоа, во поново време  стана неминовно компаниите да практикуваат активности за стимулирање на креативноста и со тоа да промовираат се повеќе иновации. Што значи креативност?  Kако може да се искористи ефикасно?

Дефинирање на креативна средина 

Креативност претставува ментален и општествен склоп кој се користи во процесот за генерирање-создавање на идеи, како и концептот на асоцијација за искористување на новите идеи. Или едноставно кажано ИНОВАЦИЈА. Преку процесот на  креативност вработените имаат задача да го истражат профитабилниот исход на постоечките или потенцијалните напори кои обично вклучуваат генерирање и примена на алтернативни опции за производите на компанијата, услугите и процедурите, со употреба на смислен или спонтан мониторинг. Важно е да се напомене дека иновацијата обично не е природен феномен. Како растение што бара соодветни хранливи материи да процвета, таа вклучува и ефективни стратегии кои промовираат различни нивоа на размислување. На  пример, преку стимулирање и поддршка на отворена размена на идеи меѓу вработените на сите нивоа, организациите можат да го инспирираат персоналот во иноватизмот на нивното работното место. Затоа менаџерите мораат да управуваат со креативниот процес во фирмите на начин  во кој не се обидуваат самостојно да менаџираат со истиот, бидејќи креативноста обично не се случува во главата на поединецот, туку е резултат на интеракција со општествениот контекст кој што е кодифициран, интерпретиран и асимилиран во нешто ново. Во рамките на овој систем, стимулансите можат да бидат огромни, почнувајќи од опипливи награди, како што се паричната компензација, но и личното задоволство.

 Како да се создаде креативен работен простор за да се поттикне иновација 

Воспоставување на креативна средина се исплати повеќе отколку само да ги ослободите вработените. Како и со било кој друг систем, процесот на креативност бара соодветна рамка за ефективно работење, што исто така му овозможува на менаџментот да ја процени профитабилноста на резултатите.
Популарните пристапи за поттикнување на иновациите преку креативност вклучуваат:

Креирање стимулирачка средина. Канцеларии кои вклучуваат стимулирање преку предмети како списанија, уметност, игри и друго – од кои некои можеби не се директно поврзани со вашиот бизнис – служат како извори на инспирација.

– Структурирањето на работната средина со отстранување на физичките бариери меѓу луѓето ќе ја подобри комуникацијата и ќе промовира креативна интеракција.

– Награди преку позитивно психолошко зајакнување. Поттикнете ги своите вработени да преземат ризици, да бидат наградени за креативни идеи и да не бидат казнувани кога истите би пропаднале. Притоа, ќе им овозможите на луѓето полесно да ги преземат задачите кои го зголемуваат нивниот потенцијал (и оној на вашата организација), однапред да дискутираат за какви било предвидливи ризици и да го креираат потребниот план во случај на непредвидени ситуации. Поттикнете ги вработените на сите нивоа да дадат предлози за подобрување на тековните деловни активности.

– Поддржувајте различни гледишта преку надворешни перспективи. Иновацијата често пати може да произлезе и од прегледот на тоа како вашите клиенти ги гледаат и ги користат вашите производи и услуги. Анализата на нивните мислења може да обезбеди значаен увид во потенцијалните области за подобрување, како и областите каде што сте успешни (основно знаење за позиционирање против конкурентите). Други перспективи може да вклучуваат: продавачи од други индустрии или потрошувачи кои користат производи или услуги на конкурентот.

Нешто Плус!